Опис на категоријата:
Спаѓаат моторни возила чија вкупна маса не надминува 3.500 kg, кои немаат повеќе од осум седишта не сметајќи го седиштето на возачот, на кои може да се придодадат приклучни возила, чија вкупна маса не надминува 750 kg, под услов вкупната маса на приклучното возило да не ја надминува масата на влечното возило или комбинации на влечни возила од категоријата „Б“ и приколка, каде што вкупната дозволена маса на комбинацијата не надминува 3.500 kg и вкупната дозволена маса на приколката не ја надминува сопствената маса на влечното возило.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 17 години возраст
- Доказ за завршено најмалку основно образование
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
- Сертификат за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
- Важечка лична карта
- Согласност од двајцата родители, законски застапник или старател
- Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит