Потребни документи и услови за национална категорија Ф.

Опис на категоријата:

Во национална категорија „Ф” спаѓаат трактори со или без тракторски приколки. Со дозволата за управување на возилата од оваа национална категорија, може да се управуваат и возилата кои спаѓаат во националната категорија „Г“.

Потребни документи и услови:

  • Наполнети 17 години возраст
  • Лична карта
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa
  • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
  • Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако не наполнило 18 години)
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (12 н/ч теор. и 12 н/ч практ.)
  • Потврда  за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
  • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • Пријава за полагање на возачки испит